Top Sport

Матие: Во Барселона ме убиваа, сега тоа му го прават на Ленгле

Жереми Матие, поранешен играч на Барселона, кој минатата сезона во Спортинг Лисабон ја заврши кариерата, рекол дека точно знае како се чувствува Клеман Ленгле, кој трпи критики по пеналот што го направи против Кадиз.

Матие дресот на Барселона го носеше во периодот од 2014 до 2017 година.

„Без осамен во соблекувалната. Никој не ме подржуваше. Тоа не е фудбал. Сега сите го убиваат Ленгле, кој мора да остане позитивен. И мене така ме убиваа по поразот од Јувентус, во Лигата на шампионите. Не разбирам зошто само мене ме напаѓаа, па фудбалот е игра во која има 11 фудбалери“, рекол Матие.

Поранешниот француски репрезентативец, проговорил и за лошото искуство што го имал со тренерот Луис Енрике.

„Верувале или не, ние цела сезона не разговаравме. На фудбалерот секогаш му треба поддршка. Во Спортинг тоа го имав, а во Барселона ништо немав од тоа. Никој ништо не зборуваше. Претходно во Барса беа Чави и Фабрегас, кои ќе седнат за поразговараат , да ви кажат каде грешите, да ви помогнат да напредувате. Сега во Барселона тоа го нема“.

Scroll to Top