Top Sport

Јута со 28 тројки го затрупаа кошот на Шарлот

Кошаркарите на Јута Џез, со тројки, го затрупаа обрачот на Шарлот Хорнетс и запишаа убедлива победа 132:110. Џезерите се лидери во НБА лигата, со 25 победи и шест порази. Франшизата од Солт Лејк Сити има 20 победи на последните 22 натпревари.

Против Шарлот, Јута, прашањето околу победникот го решија во последната четвртина која ја добија со 41:20.

Џезерите на овој натпревар постигнаа 28 тројки од 55 обиди. Тие најбргу во НБА лигата стигнаа до бројката од 500 тројки во една сезона. Во 31 натпревар, Јута, ја минаа бројката од 500 тројки, што е нов рекорд.

До победата над Шарлот ги предводеа Донован Мичел со 23 поени, два повеќе од Џо Инглс (7/10 тројки).

Scroll to Top