Top Sport

Матијас Погба сака да се „смири“ со својот брат

Сагата околу браќата Погба доби нов пресврт, откако адвокатот на Матијас Погба тврди дека неговиот клиент „нема врска“ со случајот со обид на уцена на фудбалерот на Јувентус и дека сака да ја „смири ситуацијата“ со Пол Погба.

„По работите кои се напишаа во медиумите, Матијас Погба инсистира дека нема врска со обидот за уцена на неговиот брат, Пол Погба. Јасно е дека семејните проблеми произлегоа од надворешни закани, за кои ќе има правда. Матијас, повеќе од се друго, сака да ја смири ситуацијата со неговиот брат и ќе ги сочува зборовите за судијата во истрагата ако тоа биде потребно“, изјави адвокатот на Матијас Погба, Рикард Арбиб во интервју за италјанските медиуми.

Матијас Погба претходно преку социјалните мрежи најави „експлозивни“ откритија за својот брат Пол, неговата агентка, но и Килијан Мбапе. По ова, Пол Погба потврди дека ќе ја тужи „организираната банда“ која го уценувала пред неколку месеци по потпишувањето на договорот со Јувентус, барајќи 13 милиони евра од него и му украле 300.000 евра и една кредитна картичка.

Scroll to Top