Top Sport

Матијс де Лихт ќе биде нов фудбалер на Баерн Минхен

Холандскиот интернационалец Матијс де Лихт ќе биде нов фудбалер на Баерн Минхен, откако баварскиот клуб постигна договор со Јувентус за трансфер на одличниот дефанзивец. Уште од претходно Де Лихт имаше постигнато договор со Баерн за неговите лични услови.

Матијс де Лихт треба да ги мине медицинските прегледи, а потоа и да потпише договор со Баерн Минхен со важност до 2027 година.

За Де Лихт ова ќе биде трет клуб во кариерата по Ајакс и Јувентус.

Scroll to Top