Top Sport

ФИФА притиска Катар да ги олабави мерките пред мундијалот

Катар со нетрпение ја очекува доби организацијата на Светското првенство во фудбал во ноември и декември, но голем проблем се строгите мерки за задолжителна изолација и карантин за невакцинираните лица. Тоа може да биде проблем и за учесниците на Светското првенство, но и за фановите кои ќе треба да пристигнат во оваа земја.

Најмалку пет дена во изолација треба да бидат репрезентативците што не се вакцинирани, а ги има во речиси сите селекции учеснички на Мундијалот.

ФИФА притиска Катар да ги олабави мерките и да дозволи и невакцинирани фудбалери со валиден Ковид-19 тест да не одат во карантин.

Scroll to Top