Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ е охрабрен од напредокот на екипата сезонава. Тој смета дека со малку повисоко ниво, „ѓаволите“ ќе можат да се борат за титулата во Англија.
„Напредуваме од ден во ден, на секој натпревар, одиме чекор по чекор. Морам да кажам дека постои голема разлика во односот на почетокот на сезоната, во позитивна смисла. Ако биде за 30% подобри, можеме да се натпреваруваме за титулата“ – изјави Матиќ за „Скај спорт“.
Јунајтед со добрите игри пред се по рестартот на сезоната е близу да избори пласман во ЛШ идната сезона.
„Наскоро ќе бидеме посготвени да се натпреваруваме со било која екипа во светот. Фернандеш е врвен играч, мора да сме благодарни што е со нас, има голем квалитет, ги користи двете нозе и ни донесе многу. Ќе биде многу важен играч за Јунајтед во иднина“ смета српскиот интернационалец.