Top Sport

Мора да ја добиеме Словенија

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва ќе ја пречека Словенија во рамките на квалификациите за пласман на ЕУРО 2020.

На четири кола до крајот на натпреварите во Г-групата пет селекции имаат реални шанси да стигнат д првите две места на табелата. Полска е во најдобра позиција има 13 бода, два повеќе од вечерашниот противник на Македонија, репрезентацијата на Словенија, Австрија е трета со 10, а Македонија и Израел имаат по осум бода.

Полјаците сепак се во најдобра позиција, тие вечерва гостуваат кај Латвија која се уште е без бод. Важен меч за почетокот на разврската во групата вечерва ќе одиграат Австрија и Израел.

За да ги задржи шансите за висок пласман Македонија треба да ја победи Словенија. Првиот меч одигран на 24 март заврши 1:1, стрелец за Македонија беше Енис Барди, кој поради повреда ќе го пропушти вечерашниот натпревар.

– Очекувам добар натпревар, дуел на слични репрезентации на теренот. Имаме две отсуства, за нас тоа е проблем, но на терен ќе излезат 11 подготвени фудбалери, спремни за борба и игра и за она што сите го посакуваме. Не се сомневам во моите фудбалери. Не ме интересира во моментов табелата, размислувам само како да ја добиеме Словенија. Размислувам од меч во меч, прво Словенија, а потоа Полска“, изјави селекторот Игор Ангеловски.

Натпреварот на арената „Тодор Проески“ ќе започне во 20.45 часот.

Scroll to Top