Top Sport

Матиќ заминува од Јунајтед една година пред крајот на договорот

Српскиот репрезентативец, Немања Матиќ потврди дека си заминува од Манчестер јунајтед на крајот на сезоната по пет години на „Олд Трафорд“, и покрај тоа што има уште 12 месеци од договорот со „ѓаволите“

„По многу размислување, одлучив оваа сезона да биде мојата последна со Манчестер јунајтед. За тоа го информирав бордот, менаџерот и моите соиграчи. За мене беше огромна чест и привилегија да играм за овој голем клуб. Огромна благодарност до фановите за нивната постојана поддршка. Ќе го дадам максимумот до крајот на сезоната за да помогнам на моите соиграчи да имаме силен финиш“, напиша Матиќ на Инстаграм.

Одлуката на 33-годишниот Матиќ, кој пристигна во Јунајтед од Челси, значи дека клубот останува без „специјалист“ за игра во средниот ред и одбраната пред најавеното пристигнување на Ерик Тен Хаг како нов менаџер на клубот.

Scroll to Top