Top Sport

Матјаж Кек е нов словенечки селектор

Поранешниот тренер на Риека, Матјаж Кек е нов словенечки селектор, потврдија од националната федерација. Ова ќе биде враќање на Кек на селекторското место, откако беше селектор од 2007 до 2009 година, остварувајќи 20 победи во 49 натпревари.

Под негово водство, Словенија го освои рекордното за нив 15. место на ФИФА листата во 2010 година, а тој исто така ги однесе на Светското првенство во 2010 година во Јужна Америка.

Кек го заменува Томаж Кавчич на селекторското место, откако тој доби отказ по низата слаби резултати во Лигата на нации, по која Словенија испадна во Лига Д, најниското ниво на натпреварување во УЕФА.

Scroll to Top