Top Sport

Нови лоши вести за Милан – Џек Бонавентура ја заврши сезоната

Џакомо Бонавентура ќе биде во аут околу девет месеци откако замина на операција на коленото во САД, потврдија од Милан.

Бонавентура бил на операција во Питсбург, која според клубот била успешна, но тие не очекуваат тој да се врати оваа сезона. Фудбалерот од средниот ред имаше одличен старт на сезоната со три гола во осум настапи во Серија А, но последен меч за клубот му беше 2:1 поразот од Реал Бетис на „Сан Сиро“ на 25 октомври.

Ова е уште еден удар за тренерот Џенаро Гатузо, откако Лукас Билја цела сезона се мачи со повредата на потколеното, а Хакан Чалханоглу не е во најдобра форма.

Милан се на петтото место во Серија А со 15 поени заостанување зад Јувентус.

Фото: ЕПА

Scroll to Top