Top Sport

Маурисо Покетино го претстави Маурисио Покетино

Маурисио Покетино син на менаџерот на Тотенхем, потпишал професионален договор со лондонскиот клуб. Тој со својот татко Маурисио Покетино во Лондон пристигна пред четири години од Саутемптон, а минатата сезона настапуваше за У-18 тимот на Тотенхем.

Маурисио јуниор е роден 2001 година во Барселона, во перидот кога неговиот татко бил играч на Еспањол. Младиот Покетино е крилен напаѓач.

Тој наредната сезона ќе настапува за У-23 тимот на Тотенхем. Први противници на Тотенхем во натпреварувањето наречено „Трофи“, во кое играат тимови од пониските англиски лиги и академиите на премиер лигашите, ќе им бидат Џилингем и Колчестер.

Scroll to Top