Top Sport

Мбапе доаѓа на „Олд Трафорд“, ако катарските шеици го купат Манчестер Јунајтед

Најголемата ѕвезда на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе, би можел да пристигне во Манчестер Јунајтед претстојното лето, доколку катарските шеици го купат клубот од „Олд Трафорд“. Во сериозна трка е и најбогатиот Британец, Џим Ретклиф, но медиумите на Островот сепак најавуваат дека катарскиот конзорциум зад кој стои шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, е поблизок до купување на комплетниот пакет акции што ги поседува семејството Глејзер.

Доколку го купат Манчестер Јунајтед, Катарците планираат да го назначат Антеро Енрике за извршен директор, а тој треба да го убеди Килијан Мбапе да се пресели во Манчестер Јунајтед, а не во Реал Мадрид, што е негова дамнешна желба.

Мбапе во тимот на ПСЖ во моментот заработува 6 милиони евра месечно, тие услови би му биле гарантирани и на „Олд Трафорд“.

Scroll to Top