Top Sport

Зидан ќе се врати на кормилото на Реал Мадрид?

Францускиот стратег Зинедин Зидан најверонатно ќе се врати на клупата на Реал Мадрид по завршувањето на оваа сезона, објави францускиот „Футмеркато“. Тој пред две години ја напушти клупата на Реал како еден од најуспешните тренери во клупската историја, а почнати се преговорите за негово враќање ова лето, каде треба да го замени Карло Анчелоти.

Италијанецот треба да го напушти Мадрид на крајот од сезоната за да ја преземе бразилската репрезенација, а Флорентино Перез веќе го контактирал Зидан и почнал преговори за негово враќање во „кралскиот клуб“.

Зидан во два мандати освои 11 трофеи, од кои дури три во Лигата на шампионите.

Scroll to Top