Top Sport

Мбапе е болен, го пропуштил тренингот на ПСЖ

Килијан Мбае, еден од клучните фудбалери во тимот на Пари Сен Жермен, го пропуштил денешниот тренинг. Ова се лоши вести за тимот кој в среда ќе ја пречека Борусија во осмина-финалниот реванш во Лигата на шампионите.

Според француските медиуми младиот напаѓач не бил повреден туку бил болен, се жалел на болки во грлото.

Истите извори тврдат дека Мбапе утре ќе им се приклучи на соиграчите, но дека под знак прашалник е неговиот настап против Борусија.

Мбапе од почетокот на сезоната постигла 30 голови и забележал 17 асистенции.

Дуелот ПСЖ-Борусија се игра во среда со почеток во 21 часот. По првиот меч германскиот тим има предност од 2:1.

Scroll to Top