Поранешниот француски репрезентативец, Николас Ањелка, говорел за ситуацијата во која се наоѓа неговиот поранешен клуб, ПСЖ. Ањелка, ја коментирал ситуацијата во која се наоѓа Килијан Мбапе. Младиот напаѓач има договор до крајот на сезоната, ги одби сите понуди да потпише нов и како сега стојат работите од наредната сезона ќе биде играч на Реал Мадрид.
Ањелка нема дилема дека Мбапе треба да биде прва ѕвезда на ПСЖ и дека челниците тоа јасно треба да им го соопштат на останатите играчи.
„Мебапе мора да биде лидер во нападот, мора да биде број 1. Меси беше главен во Барселона, но сега мора да се стави во служба на Мбапе. Тој е веќе пет години во клубот, тоа мора и Меси да го почитува“, рекол Ањелка за „Паризиен“.
Мбапе е незаменлив. Кога се работи за брзината, нема подобар во светот од него, ПСЖ мора се да направи за да го задржи. Сепак мислам дека тој веќе има донесено одлука. Сака повеќе и тоа е нормално. Доколку последните три сезони беше во Англија или Шпанија ќе ја имаше добиено Златната топка. Доколку замине само можеме да му се заблагодариме“.