Top Sport

Мбапе: Енрике си ги лечи фрустрациите

Килијан Мбапе незадоволен од одлуката на тренерот Луис Енрике, го напушти теренот во 64. минута од дербито против Марсеј. ПСЖ на „Велодром“ од 20.минута играа со фудбалер помалку, но сепак славеа со головите на Витиња и Гонзало рамос.

Капитенот и најдобриот играч на ПСЖ, за кого се шпекулира дека по завршувањето на сезоната како слободен играч ќе се пресели во Реал, уште еднаш беше понижен од шпанскиот стручњак кој го менуваше на претходните четири натпревари и секој пат во иста минута.

„Не знам дали го заслужив ова. Некои луѓе ги лечат своите фрустрации, но јас не се замарам со тие работи искрено. Разговарав со претседателот на клубот Ал Келаифи и му кажав каков проблем имам во моментов додека се уште сум член на неговиот тим“, изјави Килијан Мбапе.

Францускиот репрезентативец изјави дека најмногу го изнервирало тоа што на Луис Енрике пред мечот на „Веледром“ му рекол дека треба да игра што е можно повеќе по паузата поради повреда за подобро да се подготви за учество на континенталниот шампионат со Француска репрезентација.

„Имав разговор со тренерот Енрике, иако многу медиуми тврдат дека меѓу нас нема никаква комуникација. Му кажав дека сакам да го одиграм целиот натпревар против Марсеј и дека сум целосно подготвен, но кога видов дека четвртиот судија сигнализира за да излезам, навистина не можев да се контролирам, но на излегување иронично му кажав дека мислам дека се уште сме пријатели, а тој само се насмеа и ме изнервира уште повеќе. После тоа се сретнавме во соблекувалната, тој само ја спушти главата“, рече Мбапе.

Scroll to Top