Килијан Мбапе е главниот фаворит да ја освои новата награда „Копа трофеј“ на „Франс фудбал“, како најдобар фудбалер под 21 година.
На француската ѕвезда на ПСЖ „друштво“ му прават Англичанецот Трент Александер-Арнолд, двојката на Милан, Џанлуиџи Донарума и Патрик Кутроне, како и новата ѕвезда на Рома, Јустин Клајверт. На листата е и 17-годишниот Бразилец Родриго, кој следното лето ќе дојде во Реал Мадрид од Сантос.
Победникот ќе биде објавен на 3 декември, а него ќе го избираат поранешните освојувачи на „Златната топка“, вклучувајќи ги Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Зинедин Зидан. Ова ќе биде ривал на наградата „Златно момче“ која ја доделува италијанскиот „Тутоспорт“.
НОМИНИРАНИ ЗА „КОПА ТРОФЕЈ“
Хусем Ауар (Лион)
Трент Александер-Арнолд (Ливерпул)
Патрик Кутроне (Милан)
Рицу Доан (Гронинген)
Џанлуиџи Донарума (Милан)
Амаду Хајдара (РБ Салцбург)
Јустин Клајверт (Рома)
Килијан Мбапе (Пари Сен-Жермен)
Кристијан Пулишиќ (Борусија Дортмунд)
Родриго (Сантос)
They are the future of football… Let’s discover the ten nominees for the 2018 Kopa Trophy France Football! #ballondor #kopatrophy pic.twitter.com/jZR3IMfhVH
— #ballondor (@francefootball) October 8, 2018