Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе, рекол дека не е реално да ја освои Златната топка во конкуренција на Вирџил Ван Дајк и Лионел Меси. Ван Дајк веќе ја доби наградата на УЕФА, додека Меси е прогласен за најдобар во изборот на ФИФА.
ПСЖ вечерва гостуваат кај Реал во Лигата на шампионите. Во пресрет на натпреварот новинарите го прашале Мбапе дали очекува да ја добие Златната топка?
„Да биде реални, не заслужив“, рекол Мбапе и дополнил.
„Има играчи што направија повеќе од мене. Добив и јас индивидуални награди, но фудбалот е тимска игра, треба и клубот да освои нешто. Ние не ги освоивме сите трофеи во Франција, а разочаравме во Лигата на шампионите. Меѓутоа не брзам никаде, тоа не е нешто што ме прогонува“.
Добитникот на Златната топка ќе биде прогласен на 2 декември во Париз. Во најтесна конкуренција се Меси, Ван Дајк и Кристијано Роналдо.