Top Sport

Мбапе и Агуеро заедно на плажа на Ибица

Кога си елитен фудбалер, светот е мал. Затоа не чуди што Серхио Агуеро „налета“ на Килијан Мбапе на летниот одмор во Ибица.

Пред помалку од месец дена, двајцата фудбалери играа еден против друг во Казан, кога Франција ја победи Аргентина со 4:2 во осминафиналето на Светското првенство, во меч во кој двајцата постигнаа по еден гол.

Сепак, тоа очигледно не ги наруши односите меѓу двајцата, кои ја споделија фотографијата од дружбата.

Колегата на Агуеро од Манчестер сити и на Мбапе од француската репрезентација, Бенжамин Менди веднаш имаше коментар, порачувајќи му на „агентот“ Агуеро да го направи свеото и да го донесе Мбапе во Сити.

Scroll to Top