Top Sport

Милан подготвени да дадат 50 милиони за бразилскиот талент Лукас Пакета! (видео)

Иако Милан мака мачи со финансиите, „росонерите“ се подготвени да дадат 50 милиони евра за младиот бразилски талент Лукас Пакета од тимот на Фламенго.

Според поранешниот претседател на Фламенго, Клебер Леите, Милан ќе ја плати откупната клаузула од 50 милиони за 20-годишниот играч од средниот ред, кој претходно беше на „радарот“ на Манчестер сити, Ливерпул и Челси. Сепак, понудата зависи од тоа дали тие ќе успеат да го продадат Сусо, бидејќи повторно ќе бидат удар на УЕФА поради финансискиот фер-плеј.

Милан има нов сопственик во американската компанија „Елиот менаџмент“, и и покрај проблемите, веќе потпишаа договори со Ален Халиловиќ, Пепе Реина и Иван Стриниќ.

Scroll to Top