Килијан Мбапе, тврди дека уште пред една година му порачал на клубот дека нема да го продолжи договорот. Сагата околу Килијан Мабпе продолжува и од Камерун каде во моментов се наоѓа францускиот репрезентативец. Ставот на ПСЖ е јасен, доколку Мбапе не сака да го продолжи договорот, тогаш ќе мора да биде продаден.
Мбапе од Камерун, во интервју за магазинот Франс Фудбал, говореше на разни теми и повторно упати „отровни стрели“ кон челниците на ПСЖ.
„Играњето за Пари Сен Жермен не помогна, тоа е тим кој е разурнувачки, разорен клуб“, рече Мбапе, без да го објасни својот став.
За недостигот на трофеј во Лигата на шампионите и покрај сите засилувања кои доаѓаа во клубот, Мбапе беше краток и јасен:
„Се обидовме со се. Точка. Мора да разговарате за тоа со луѓето кои го составиле тимот. Кој го организира тимот, кој го води и го гради овој клуб“.
Инаку, Мбапе дел од одморот минува во родната земја на татко му, Камерун, каде што беше пречекан на навистина неверојатен начин, а од државата доби сериозно обезбедување.
Arrivée de Kylian Mbappé à Bonendale – Douala. #Cameroon pic.twitter.com/7FcceluRzV
— The Cameroonian
(@TheCameroonianZ) July 8, 2023