Франција ја совлада Русија со 3:1 на „Крестовски“ во Санкт Петербург во интересен тест-меч пред Светското првенство во Русија, покажувајќи дека „триколорите“ се меѓу фаворитите за титулата со тим полн со ѕвезди.
Тинејџерската ѕвезда на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе во 40-тата минута доби одлична топка од Пол Погба, за лесно да го совлада Андреј Лунев. На почетокот на второто полувреме беше време Погба да блесне, откако постигна фантастичен гол од слободен удар од 30-тина метри.
Русија врати еден гол во 68. минута преку Фјодор Смолов, пред Мбапе во 83. минута уште еднаш да докаже зошто вреди 180 милиони евра за успешен тест на тимот на Дидие Дешам.
Фото: ЕПА