Top Sport

Мбапе: Игравме како и до финалето на Светското првенство

Новиот капитен на Франција, Килијан Мбапе, постигна два гола во победата над Холандија од 4:0. Тој истакна дека борбата за ЕВРО 2024 допрва почнува.

„Ова беше нашиот прв натпревар по Светското првенство и се подготвувавме цела недела за да не ги разочараме навивачите. Сакавме да играме онака како што игравме до финалето. Првиот чекор испадна лесен, но борбата допрва почнува“, изјави Мбапе.

Франција следниот меч ќе го игра в понеделник и ќе гостува во Ирска.

Scroll to Top