Top Sport

Мбапе им кажал на ПСЖ дека сака да замине?

Килијан Мбапе им кажал на Пари Сен-Жермен дека сака да замине од францускиот гигант следното лето, тврди британскиот „Тајмс“ и би сакал трансфер во Англија и Шпанија, со Манчестер јунајтед и Ливерпул како посакувани дестинации.

Мбапе потпиша петгодишен договор со ПСЖ во 2018 година, откако дојдеа за 185 милиони евра од Монако во вториот најголем трансфер во историјата по тој на неговиот соиграч Нејмар. Тој тогаш одби богати понуди од Реал Мадрид и Манчестер сити за да оди во Париз за кои постигна 77 гола во 102 настапи за клубот.

Пред финалето на Лигата на шампионите против Баерн Минхен, кој ПСЖ го загубија со 1:0, Мбапе изјави дека ги избрал ПСЖ бидејќи сакал со француски тим да стигне до толку посакуваниот трофеј.

Но, претходно оваа година, тој на двапати изјави воодушевеност од „машината“ Ливерпул и стилот на игра на менаџерот Јирген Клоп. Ливерпул пак, не се познати по тоа што даваат огромни пари за трансфери, а Мбапе сигурно не би бил евтин.

Scroll to Top