Top Sport

Тинејџерот кој го имаше промашувањето на векот не е многу загрижен

Тинејџерот Астер Вранкс вели дека не е многу загрижен откако во саботата го имаше можеби најголемото промашување во 21. век, успевајќи да го промаши отворениот гол при 1:0 поразот на неговите Мехелен од Остенде.

Во 67. минута, 17-годишниот Вранкс се најде во позиција пред него да е само празниот гол на противникот, и откако ја смири топката, успеа да се сопне, да се удри во стативата и топката да биде „исчистена“. Неговото промашување беше кобно, откако Остенде постигна гол во финишо на мечот преку Џек Хендри.

И покрај ова, тинејџерот остана невообичаено смирен во интервјуто по мечот.

„Мислам дека само требаше да ја шутнам топката. Но, ја промашив. Штета што тоа се случи, но нема да се загрижувам многу и ќе мислам на следниот меч“, вели Вранкс.

Тренерот Вутер Франкен исто така застана во одбрана на младиот фудбалер.

„Ако такви топки не влегуваат во голот, имате чувство дека не ви било судено. Како можам да го обвинам Астер? Кога 17-годишник е најдобар на теренот, не треба да го обвинувате. Не треба да размислува многу за овој пораз“, вели Франкен.

Scroll to Top