Килијан Мбапе, вундеркиндот на ПСЖ, од наредната сезона ќе носи нов број на својот грб. 19-годишниот фудбалер од доаѓањето во Париз ја задолжи „29“, а во новата сезона ќе ја носи седумката.
Кога дојде од Монако, бројот 7, беше во сопственост на Бразилецот Лукас Моура, кој во јануари замина во Тотенхем.
Бројот 7 во ПСЖ поради тоа добива нов сопственик.
Инаку, омилен број на Мбапе е десетката, која во ПСЖ ја носи Нејмар, поради што тој се решил да го носи бројот со кој се прослави неговиот идол, Кристијано Роналдо.