Двократниот МВП на НБА лигата, грчкиот кошаркар Јанис Адетокумбо очигледно ги следи случувањата во фудбалскиот свет, откако прати порака до саудискиот клуб Ал-Хилал дека е подготвен за трансфер бидејќи личи на Килијан Мбапе.
Ал-Хилал денеска предизвика „бомба“ со објавата дека имаат понуда од 300 милиони евра за трансфер на ѕвездата на Пари Сен-Жермен со плата од 700 милиони евра за една сезона ако се земат во предвид и комерцијалните договори. Адетокумбо не издржа.
„Ал-Хилал, земете ме мене, личам на Килијан Мбапе“, напиша Адетокумбо.
Самиот Мбапе на Твитер ја сподели објавата на кошаркарот како одговор, по шпекулациите дека ќе одбие ваква понуда и дека е подготвен да седи на клупа цела сезона за да му се оствари сонот за потпис со Реал Мадрид.
😂😂😂😂😂😂😂😂😂😂😂😂😂 https://t.co/hKhqYXC7tH
— Kylian Mbappé (@KMbappe) July 24, 2023