Top Sport

Мбапе: Кажав што чувствувам, но во јануари не одам во Реал Мадрид

Килијан Мбапе во интерву за „Си-Ен-Ен“ во Дубаи, каде што вчера ја доби „Глоуб сокер“ наградата како најдобар фудбалер на светот, отворено говореше за неговата иднина, за врската со Пари Сен-Жермен и обидот да замине во Реал Мадрид.

Прво, тој ги увери навивачите на Пари Сен-Жермен дека нема намера да си замине од клубот во јануари пред дуелот токму со Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

„Ќе го дадам мојот максимум да ја освоиме Лигата на шампионите, француската Лига и купот. Сакам да дадам се на фановите, бидејќи тие го заслужуваат тоа“, објаснува Мбапе.

Договорот на 23-годишниот Французин завршува на 30 јуни 2022 година и веќе од 1 јануари тој има право да преговара со своите потенцијални клубови. Минатото лето тој јавно им порача на газдите на клубот дека сака да замине и вели дека не жали за тоа.

„Бев искрен, и го кажав тоа што го чувствував и ми беше на срце. Но, среќен сум што сум тука, бидејќи Париз е мој град и јас сум Французин. Роден сум во Париз, тука израснав, и одлично е чувството да играте пред своите пријатели и своето семејство. Да, го имам Реал Мадрид на умот, но во февруари и март, кога ќе играме во Лигата на шампионите. Сакаме да направиме чекор напред. Бевме во финалето во полуфиналето, сега сакаме титула“, објаснува Мбапе.

Scroll to Top