Top Sport

Абдул-Џабар: Да му објасниме на Леброн што е КОВИД

Легендата на Лос Анџелес лејкерс и на НБА лигата, Акарим Абдул-Џабар влезе во напад на сегашниот „крал“ на Лејкерси, Леброн Џејмс по неговата објава на Божиќ на Инстаграм во која посочува дека КОВИД-19, настинките и грипот се иста работа.

„Помогнете ми, луѓе“, напиша Џејмс со „мемето“ за трите Спајдермени кои посчуваат еден на друг.

Ова не е првпат Леброн да е скептичен за вакцините, откако во минатото изјави дека не сака да зборува за вирусот и дека се работи за „лична, а не за политичка позиција“, иако со овој пост јасно стави на знаење на чија страна е.

Абдул-Џабар вели дека ќе му ја даде помошта која ја побара.

„Импликацијата е дека Леброн не ја разбира разликата помеѓу овие три болести, дури и покрај сите информации кои ги добивме. Но, бидејќи побара, ќе му помогнам со објаснување и како тоа може да спаси животи, посебно меѓу Афро-американската популација“, вели Абдул-Џабар

Ова не е прва критика. Неодамна, Абдул-Џабар го критикуваше Леброн за својот „непристоен“ танц за кој доби и казна од НБА, велејќи дека се работи за „детска работа“.

Џабар го критикува Џејмс: Почитувај ги противниците ако сакаш да бидеш Г.О.А.Т

Scroll to Top