Top Sport

Мбапе му го разубави денот на малиот натрапник (видео)

Килијан Мбапе во својата кратка кариера покажа дека е еден од најталентираните фудбалери на светот, а сега докажа дека има големо срце.

Откако на вчерашниот меч против Амиен едно младо момче успеа да го измами обезбедувањето на стадионот и дојде до Мбапе, тој го реши тоа на дипломатски начин, со прегратка за младиот навивач, кој потоа извади книга која се однесува на неговиот идол, и Мбапе веднаш му даде автограм.

Секоја чест!

Scroll to Top