Top Sport

Мбапе: Не сум побарал од ПСЖ да ме продаде во Реал Мадрид

Ѕвездата на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе, даде интервју за италијанскиот дневен весник „Газета дело спорт“ со наслов „Вистината на Мбапе“. Во него Французинот уште еднаш изјави дека е среќен што останува во својот сегашен клуб уште една сезона, нешто што го истакна и вчера на социјалните мрежи.

Мбапе категорично уверува дека никогаш не побарал од ПСЖ да биде продаден во Реал Мадрид, туку едноставно известил дека нема да ја активира клаузулата со која ќе му се продолжи договорот до летото 2025 година.

„Не кажав дека сакам да бидам продаден во Реал Мадрид или дека сакам да заминам, само дека нема да ја активирам дополнителната година од мојот договор. Никогаш не сме разговарале за продолжување на договорот. Среќен сум што останувам уште една година. За мене целта е да ги освојам сите можни трофеи. Знаевме дека имаме некои недостатоци кои порано или подоцна ќе ги платиме. Секоја сезона мора да учиме од грешките за да не ги повториме. Поединечно, сепак, одржувам високо ниво. Сакам да продолжам да се развивам“, изјави Килијан Мвапе.

ПСЖ ја освои титулата во Франција, но челниците го посакуваа трофејот во Лигата на шампионите.

„Сите сакаат да ја освојат Лигата на шампионите, но секогаш треба да дадете сѐ за да го постигнете тоа, бидејќи во спротивно ќе сретнете екипа која ќе ве потсети дека ништо не треба да се зема здраво за готово. Немаше многу луѓе кои мислеа дека Интер може да стигне до финалето, а не беа далеку ниту од победа“, истакна напаѓачот на ПСЖ.

 

Scroll to Top