Тренерот на Пари Сен-Жермен, Томас Тухел застана во одбрана на Килијан Мбапе, откако неговиот млад напаѓач доби црвен картон во финишот на 4:2 победата над Ним во саботата, иако му порача дека во иднина мора да покаже воздржаност.
Тинејџерот доби втор жолт картон откако го турна Тежи Савание, кој грубо го фаулираше.
„Тоа беше страшен фаул и реакцијата беше емоционална бидејќи Килијан имаше среќа што не се повреди. Сакам да остане мирен, но тоа не е лесно. Плус, не удри никого, туку само го турна. Тажен сум за реакцијата, но не сум лут“, изјави Тухел.
Самиот Мбапе вели дека не може да толерира такви стартови.
„Кога ќе се соберат работите… Но, тоа е фудбалот. Морам да научам да не се нервирам, но не жалам за реакцијата. И сега би го направил истото. Се извинувам на навивачите и на сите, но не можам да толерирам такви стартови“, вели Мбапе.
A red card for Kylian Mbappe!
The PSG forward lost it towards the end of his side’s Ligue 1 clash with Nimes. ?#PSG #Ligue1 pic.twitter.com/Ip27YP9yzF
— Goal (@goal) September 1, 2018