Top Sport

Мбапе нема да потпише нов договор со ПСЖ

Репрезентативецот на Франција, Килијан Мбапе, најверојатно како слободен играч, по завршувањето на сезоната ќе го напушти ПСЖ.

„Марка“ пишува дека, Мбапе, му соопштил на тренерот Маурицио Покетино, дека нема да го продолжи договорот. Напаѓачот е во ПСЖ од 2017 година, најпрвин беше позајмен од Монако, а потоа клубот за 180 милиони евра го откупи неговиот договор.

Мбапе една година се поврзува со трансфер во Реал Мадрид. Доколку остане при својата одлука, тоа значи дека „кралскиот клуб“, наредната сезона бесплатно ќе го добие еден од најдобрите светски напаѓачи.

Во кариерата, за ПСЖ, одиграл 171 натпревар, постигнал 132 гола и забележал 61 асистенција.

Scroll to Top