Top Sport

Злато за Карапас, Погачар трет на друмската трка

Ричард Карапас од Еквадор победи на друмската трка, на Олимписките игри во Токио. Шампионот од Тур Д’Фрнас, Тадеј Погачар, трката ја заврши на третото место.

Карапас, тешката патека, долга 234 километри, ја мина со време шест часа, пет минути и 26 секунди. Еквадорецот победи со една минута и седум секунди предност во однос на Ваут ван Ерт од Белгија, кој во фото-финишот беше побрз од Погачар.

Олимпиското злато е еден од наголемите успеси во кариерата Карапас. Пред две години тој ја освои Трката околу Италија.

Велосипедистот ќе биде запишан во историјата на Еквадор. Златниот медал е втор за оваа земја на Олимписките игри. Првиот го освои Џеферсон Перез во 1996 година, во дисциплината 20 километри брзо одење.

Scroll to Top