Top Sport

Мбапе нема возачка дозвола, а има пет скапоцени автомобили во гаражата

Килијан Мбапе е фудбалска мегаѕвезда, но, на пример, никогаш не возел автомобил. Ѕвездата на ПСЖ има гаража полна со неколку врвни автомобили, но тој никогаш не е зад воланот.

Причината е едноставна. Иако има 24 години, Килијан нема возачка дозвола, па бадијала има неколку ѕверови во гаражата бидејќи тој самиот никогаш не ги вози.

ПСЖ во изминатите години му понуди да му плати за да го положи возачки испит. Тој одби и како да се плашеше да седне зад воланот бидејќи изговорот му беше дека нема време.

„Тоа е една од лошите страни на раниот успех. Не можев да ги правам едноставните работи, на пример, да положам за мојата возачка дозвола“, вели Мбапе.

„За многумина полагањето на возачки испит беше обврска, но не и за мене. Никогаш не ми беше приоритет бидејќи секогаш имав свој возач“, изјави фудбалерот.

Затоа е многу чудно што неговата гаража е полна со неверојатни автомобили. Во март годинава си купи Ferrari 488 Pista со 720 коњски сили и V8 мотор. Цената е околу половина милион евра.

Ферарито е уредно паркирано во гаражата, каде што има многу други познати марки, Mercedes-Benz GLE Coupe, Audi A6, Mercedes-Benz V-Class и Range Rover.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylian Mbappé (@k.mbappe)

Scroll to Top