Top Sport

Тедеско ќе биде новиот тренер на Лајпциг

Лајпциг најдоа замена за Џеси Марч. Американецот, минатиот викенд, поради лошите резултати доби отказ.

„Билд“, објави дека Доменико Тедеско ќе биде новиот тренер на „биковите“ од Лајпциг. Младиот тренер бил избор на претседателот Оливер Минклаф. Во наредните денови, Тедеско, ќе биде назначен на функцијата.

Тедеско претходните две сезони го предводеше Спартак од Москва. Во Бундес лигата бележеше добри резултати со Шалке. Со неговото заминување започна најлошата ера во историјата на клубот од Гелзенкирхен.

Scroll to Top