Top Sport

Мбапе одбил 135 милиони евра бруто плата

Килијан Мбапе и оваа сезона ќе остане во ПСЖ. Катарските сопственици, во финишот на преодниот рок, ги одбија сите понуди на Реал Мадрид. Според француските медиуми, Насер Ал Келаифи, воопшто не му одговорил на колегата Флорентино Перез, чија последна понуда била 200 милиони евра.

Ден по завршувањето на преодниот рок, Ле Паризиен, тврди дека Мбапе одбил неверојатна понуда за да потпише нов договор. Според овој извор, ПСЖ, на Мбапе му понудиле бруто плата во износ од 135 милиони евра.

Мбапе само од платата би имал нето приход од 45 милиони евра, данокот во износ од 90 милиони евра би го плаќал клубот.

Намерата на ПСЖ биле и се уште е Мбапе да биде вториот најплатен играч во клубот. Поголема плата од него би имал само Лионел Меси.

„Светците“, сега ќе имаат уште четири месеци да го убедат Мбапе да остане во Париз, доколку тоа не се случи, тој веќе на 1.јануари, ќе може да преговара со заинтересираните клубови.

Негова желба е да се пресели во Реал Мадрид, но медиумите тврдат дека во трката за неговиот потпис сериозно ќе се вклучат Челси и Манчестер сити.

Scroll to Top