ПСЖ не се откажува од Килијан Мбапе. Напаѓачот има договор со клубот до крајот на сезоната. Според шпекулациите тој ќе се преслеи во Реал Мадрид. Намерата на неговото семејство и на клубот е да го убедат да остане во Париз.
Минатата недела челнците на ПСЖ и Мпабе одржале уште еден состанок. Француските медиуми тврдат дека на тој состанок, клубот на фудбалерот му дал бланко чек и две годишен договор, со можност да го напушти клубот по првата година, односно по завршувањето на Светското првенство во Катар.
Одговорот на Мбапе бил „Не“.
Планот на сопствениците е јасен, мора да го убедат Мбапе да остане барем уште еден година, во спротивно клубот ќе загуби многу пари пред Мундијалот во Катар. Наводно, во преговорите се вклучил и францускиот претседател, Емануел Макрон. И тој му порачал на фудбалерот дека за него најдобро е да остане во Франција.