Top Sport

Украинците го одложија почетокот на пролетниот дел од сезоната

Руската инвазија го одложи почетокот на пролетниот дел од сезоната во фудбалскиот шампионат на Украина.

Челниците на Премиер лигата на Украина, донесоа одлука почетокот на сезоната да биде одложен за најмалку 30 дена.

Инвормацијата е потврдена и на официјалната интернат страна на Премиер лигата на Украина.

Дали фудбалот ќе се врати на терените во Украина по еден месец ќе зависи од понатамошниот развоја на ситуацијата.

Есенскиот дел од сезоната на првото место го заврши Шахтјор. Клубот од Доњецк кој неколку години не игра на својот стадион има 47 поени, два повеќе од најголемиот ривал Динамо Киев.

Scroll to Top