Top Sport

Мбапе по четврти пат е најдобар во Лига 1

Килијан Мбапе четврти пат по ред е прогласен за најдобар играч во француската Лига 1. Изборот го организира Унијата на професионални играчи на Франција (УНФП). Оваа награда беше доделена за првпат во 1994 година.

Мбапе (24) сезонава во францускиот шампионат одигра 33 натпревари и постигна 28 голови. Тој е најдобар стрелец во францускиот шампионат пред Александре Лаказет од Лион, кој постигна гол помалку.

Мбапе е првиот фудбалер кој четири пати по ред е прогласен за најдобар играч во француската лига. Тој го надмина Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ, кој трипати во кариерата беше прогласуван за најдобар играч на француската лига.

За тренер на сезоната е прогласен Френк Хејс, шеф на стручниот штаб на Ленс. Ленс го освои второто место и по пауза од 20 години повотрно ќе игра во Лигата на шампионите.

За најдобар голман е избран чуварот на мрежата на Ленс Брис Самба, а најдобар млад играч фудбалерот е соиграчот на Мбапе, Нуњо Мендеш.

Scroll to Top