Top Sport

Гвардиола го посакува Нејмар на „Етихад“

Англискиот првак Манчестер Сити e заинтересиран за Бразилецот Нејмар. Како што открива „Л’Екип“, менаџерот Пеп Гвардиола имал телефонски разговор со ѕвездата на ПСЖ за да дознае какви се неговите планови за следната сезона.

Тој не играше во завршницата од сезоната поради повреда, а не се појави ниту на прославата на титулата на ПСЖ, па оттаму и гласините дека можеби е подготвен и да го напушти Париз, особено што нема добри релации и со фановите на клубот.

Нејмар, сепак, има актуелен договор со ПСЖ до 2027 година. Покрај Сити, за Бразилецот интерес имаат и неколку други премиерлигаши, Челси, Њукасл и Манчестер Јунајтед.

 

Scroll to Top