Килијан Мбапе нема намера да го напушти ПСЖ. Како што пренесе „Скај спорт“, Мбапе ги известил челниците на ПСЖ дека по никоја цена нема да го напушти клубот ова лето.
Ваквата негова одлука нема да го смени неговиот актуелен статус во клубот. Тој нема да тренира со првиот тим и нема да игра до крајот на сезоната, односно додека не му истече договорот со клубот.
Мбапе наводно е незадоволен од клупската трансфер политика. Минатото лето тој потпиша нов договор со верба дека во клубот ќе му се приклучат Роберт Левандовски и Бернардо Силва.
ПСЖ, пак, веќе се подготвува за „живот без Мбапе“ и сака да им испрати порака на останатите играчи дека никој не е поголем од клубот.