Top Sport

Мбапе сакал да си оди од ПСЖ зошто му доцнела една плата

Францускиот ас Килијан Мбапе минатиот месец најави дека сака да го напушти ПСЖ, а откриена е вистинската причина за тоа. Според „Л’Екип“, тоа е доцнењето на платата во Пари Сен Жермен.

На почетокот на октомври напаѓачот забележал дека на неговата банкарска сметка не му пристигнала септемвриската плата. До 11 октомври, кога првпат се појавија вести за неговата желба да замине, парите сè уште не беа префрлени.

Два дена подоцна Мбапе ја добил платата, но не и целата сума. Неговите агенти побарале од ПСЖ итно да ја разјасни ситуацијата, но не биле задоволни со одговорот дека се случиле неочекувани проблеми со банкарските сметки, како и тешкотии поради финансискиот фер-плеј.

На напаѓачот сега му се исплатени сите плати и бонуси, а прес – службата на ПСЖ истакна дека „понекогаш има доцнења поради начините на плаќање, како и кај сите клубови“.

Scroll to Top