Top Sport

Мбапе се предомисли, ќе го продолжи договорот со ПСЖ?

Откако француската влада забрани јавни собири до септември, француската Лига 1 беше прекината на Пари Сен-Жермен беа прогласени за шампиони поради нивната разлика од 12 поени пред Марсеј, фокусот на „Паркот на принцовите“ се концентрирал на Килијан Мбапе и првите знаци се позитивни за шампионот, а не толку позитивни за Реал Мадрид.

Според францускиот спортски весник „Л’Екип“, кој во неделата го постави фудбалерот на насловната страна, иднината на 21-годишната мегаѕвезда е во Париз. Напаѓачот си заминал од француската престолнина  по воведувањето на карантинот и се преселил во својот дом во југот на Франција со неговите браќа и родители.

Токму таму, тој целосно се предомислил околу својата иднина и решил да продолжи со ПСЖ барем уште една година и би размислил за можно обновување на договорот кој му завршува во 2022 година. Добар сигнал за ова биле последните објави на Французинот на социјалните мрежи во кои тој ја покажува љубовта кон клубот и пласманот во четвртр-финалето на Лигата на шампионите.

Според „Л’Екип“, Мбапе минатото лето му кажал на претседателот на клубот, Насер Ал-Хелаифи дека сака да замине, но очигледно сега не е се брза толку.

Scroll to Top