Top Sport

Мбапе се согласил за продолжувaње на договорот со ПСЖ со клаузула за Реал?

Килијан Мбапе и Пари Сен-Жермен постигнале договор за француската ѕвезда да го продолжи договорот до 2026 година, но со посебна клаузула за Реал Мадрид, тврди италијанскиот „Тутмеркато“, така ставајќи крај на уште едно бурно лето со многу шпекулации.

ПСЖ првично се закануваше дека ќе го остави Мбапе на клупа цела сезона ако не потпише нов договор, откако беше одбиена рекордната понуда од Саудиска Арабија, но подоцна страстите се смирија и тој беше вратен во тимот на Луис Енрике, постигнувајќи три гола во два лигашки меча.

Сега, спортскиот директор на клубот, Луис Кампос работи на новиот договор со уникатна „приватна“ клаузула со која Мбапе би можел да премине во Реал Мадрид ако „кралевите“ дадат добра понуда следното лето. Според „Тутомеркато“, доколку Кампос не успее во преговорите со Мбапе, речиси сигурно ќе ја загуби својата позиција.

Scroll to Top