Top Sport

Рибери на велосипед го слави опстанокот на Салернитана

Еден од најчудните трансфери минатото лето беше одлуката на францускиот ветеран Франк Рибери да потпише за тогаш новиот италијански прволигаш Салернитана.

Сезоната почна катастрофално за клубот од Салерно, со закани за исфрлање од лигата и мизерни резултати, но во неверојатен финиш на сезоната, тие успеаја да обезбедат опстанок и следната година, праќајќи го Каљари во Серија Б. На поранешната ѕвезда на Баерн Минхен, очигледно му е убаво во јужна Италија, откако беше снимен како вози велосипед и пее локална народна песна „Pisciaiuolo moriro“, што на локалниот дијалект значи „Салернитанец до смрт“.

Scroll to Top