Килијан Мбапе е во конфликт со Француската фудбалска федерација (ФФФ) поради користењето на неговиот лик за одредени спонзори на федерацијата со кои тој не сака да има врска.
Според „Л’Екип“, Мбапе не сакал да биде поврзуван со одредени брендови, и не попуштал на молбите на претседателот на ФФФ, Ноел Ле Грет. Претставниците на 23-годишната ѕвезда на Пари Сен-Жермен објаснуваат дека тој не сака да е поврзуван со одредени брендови поради „морални и етички“ причини и дека сака неговиот лик да се користи само за добротворни цели.
Друг проблем се условите на договорот меѓу федерацијата и фудбалерите околу правата на користењето на нивните ликови, кој е на сила од 2010 година, кога по дебаклот на СП во Јужна Африка беше договорено 23-те репрезентативци да ги споделуваат правата, а Мбапе би сакал тие средства да се вложуваат во развој на фудбалот во Франција.