Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, ја отфрлил можноста во наредниот преоден рок на „Енфилд“ да пристигне Килијан Мбапе. Инаку најгласни се шпекулациите дека Мбапе ќе заврши во Реал Мадрид. ПСЖ за својот напаѓач барале 300 милиони евра.
„Нема шанси“, одговорил Клоп на новинарско прашање поврзано со Мбапе.
„Гледано од спортски агол нема причина да не се купи. Каков играч! Секако тука се работи за парите. Нема шанси, апсолутно нема никакви шанси“, рекол Клоп дополнувајќи дека истиот одговор се однесува и на сите останати клубови што се заинтересирани за 20 годишниот напаѓач.
„Не гледам ниту еден клуб во светот што може да го откупи од ПСЖ. Ниту еден! Едноставно тоа е така“.
„Лекип“ вчера објавија дека ПСЖ ги започнале преговорите околу новиот договор на Мбапе. Доколку се договорат напаѓачот ќе има годишна плата од речиси 38 милиони евра.