Top Sport

Мбапе за два дена ќе ја обелодени одлуката, ПСЖ или Реал…

Француската мегаѕвезда Килијан Мбапе долго ја бранува светската фудбалска јавност со неговата одлука околу иднината, дали ќе остане во Пари Сен Жермен или ќе замине во Реал Мадрид. Досега одби неколку неверојатни понуди на „светците“ да го продолжи договорот, но секоја понуда е се поголема и се граничи со досега невозможното кога е во прашање платата на еден фудбалер.

Сепак, и понатаму фаворит за него е Реал Мадрид, чиј голем фан е Мбапе од најрана возраст.

Францускиот „Л’Екип“ излезе со информација дека суперѕвездата Килијан Мбапе ќе ја соопшти одлуката за својата иднина за два дена, на 22 мај, и тоа во телевизиската емисија „Телефут“. Тој во живо ќе и се обрати на јавноста и ќе го открие својот иден клуб.

Последното коло од француската Лига 1 ќе се одигра во сабота, а шампионот ќе се соочи со тимот на Мец кој се бори за опстанок. Младиот напаѓач со месеци ја чува во тајност одлуката за својата иднина, но очигледно дека се ближи крајот на сагата.

Scroll to Top