Top Sport

Матиќ во дилема, Атлетико или Интер

Атлетико Мадрид и Интер ќе се обидат во јануарскиот преоден рок да ги обезбедат услугите на српскиот репрезентативец Немања Матиќ, тврди „Тајмс“.

Матиќ, оваа сезона, речиси и да не доби шанса во Манчестер Јунајтед кога се во прашање натпреварите во Премиер лигата. менаџерот Оле Гунар Солскјер го користеше во мечевите во Лига Европа, односно Лига и ФА купот.

Атлетико Мадрид сметаат дека тој со своето искуство би бил идеално засилување за нив. Голема предност на Матиќ е што може да биде регистриран за натпреварите во Лигата на шампионите.

Покрај Атлетико Србинот во своите редови го посакува и тренерот на Интер Антонио Конте. Матиќ и Конте во минатото соработуваа во Челси.

Интер имаат добра соработка со Манчестер Јунајтед поради што се надеваат дека ќе успеат да го реализираат трансферот.

Минатото чето од Јунајтед на „Џузепе Меаца“ се преселија Ромалу Лукаку и Алексис Санчез.

Scroll to Top